Location: North Macedonia
Job category: Customer Service Representative (CSR)
Language:
Дали знаеш дека работата во телекомуникациска компанија е интересна и динамична работа која нуди бескрајни можности за напредок како на лично така и на професионално ниво? Замисли го својот работен ден во кој корисници од различни страни на светот те контактираат и им е потребна твојата помош за да ги добијат потребните инфомации или, едноставно, да решат некоја ситуација. Можеби им е потребно подобрување на услугата што ја користат, можеби сакаат да ја продолжат, но во секој случај треба да те исконтактираат тебе, и затоа те бараме како засилување во нашиот тим!
Што ти нудиме?
Бонуси за препораки на пријател
Пријатна и динамична работна атмосфера
Можност за личен и професионален напредок - новиот тим штотуку се формира и ќе бидат потребни идни лидери
Можност за стекнување меѓународно искуство во текот на кое ќе запознаеш многу колеги од целиот регион
Придружи ни се како Агент за техничка поддршка на германски јазик
Комуникацијата со корисниците во еден твој работен ден би го вклучувала следново:
Усна комуникација на германски јазик со корисниците на телекомуникациската компанија
Одговарање на дојдовни повици и сослушување на барањата и потребите на корисниците
Обезбедување на професионална техничка поддршка за решавање на одреден технички проблем поврзан со интернет или фиксна линија
Давање на насоки и совети за подобрување на услугата која корисниците ја користат или на која се претплатени
Проценување на потребите на корисниците и промоција на соодветна понуда која ќе ги задоволи истите
Што бараме?
Претходно работно искуство со корисничка поддршка/продажба
Како изгледа животот во Transcom?
Во Транском сме неуморно посветени. На нашите клиенти и едни на други. Секој ден некој започнува свое патување со Транском. Искористувајќи го потенцијалот кој го има денес и претворајќи го во вештини корисни за во иднина. Добивајќи признанија за напорната работа, тимскиот дух и поддршката на другите. Поткрепувајќи позитивни, трајни промени во своите тимови и заедници. Такви сме ние во Транском. Овде се грижиме и навиваме едни за други. Вклучени сте, баш такви какви што сте, уште од првиот ден. А со вистинскиот начин на размислување, нема граници за тоа колку далеку можеме да одиме заедно.
Share this job