Ден на отворени врати за сите германисти во Скопје

Location: North Macedonia

Job category: Customer Service Representative (CSR)

Language:

Transcom Skopje öffnet seine Türen für Deutschsprachige! Wir laden Sie ein, die Atmosphäre unseres Teamgeistes zu erleben und herauszufinden, was uns von anderen unterscheidet. Доколку ја гледате својата кариера во сектор за корисничка поддршка, уживате во интеракција со луѓе, емпатични сте и организирани, и сакате да работите во динамичен тим и брзорастечко опкружување а паралелно зборувате и германски јазик, ве покануваме да се придружите на овој настан и да дознаете како Transcom ја обликува иднината! 


Што добивате доколку присуствувате на нашиот Ден на отворени врати?

  • Запознавање со дел од нашиот тим;
  • Информации за нашата компанија како и работните позиции кои ги нудиме;
  • Кариерно советувањe и насоки за избор на работна позиција која е најмногу во согласност во вашите квалификации и преференции;
  • Можност за инстантно закажување на интервју за позицијата која ве интересира;
  • Разгледување на нашите канцеларии и работниот простор;
  • Брендиран подарок во знак на благодарност за учеството;


Придружете ни се на Денот на отворени врати за сите германисти во Скопје!

Нашиот Ден на отворени врати ќе биде комбинација од:

  • Кратка презентација со која ќе се запознаете со нашата компанија, работната култура, тимската работа и заедничките успеси;
  • Интерактивна дружба со нашите регрутери со цел да ги истражите можностите за кариера и раст во Transcom;
  • Канцелариска турнејa за време на која ќе се запознаете со работниот простор кој инспирира креативност на нашите вработени;

Што бараме?

  • Одлично зборување и пишување на германски јазик;
  • Покрај примарниот јазик, познавање на втор јазик (англискиот) би се сметало за предност;
  • Основни познавања од работа на компјутер: твоите IT вештини дополнително ги унапредуваме за време на периодот на обука;
  • Одличен комуникатор: ефективна, јасна и транспарентна комуникација;
  • Љубопитна личност: жед за стекнување нови знаења;
  • Тимски играч: желба за отворена соработка со цел остварување на заеднички цели;
  • Амбициозност: личен и професионален развој е твоја цел;
  • Претходно работно искуство во областа на корисничка поддршка се смета за предност но не е задолжително;


Како изгледа животот во Transcom?
Во Транском сме неуморно посветени. На нашите клиенти и едни на други. Секој ден некој започнува свое патување со Транском. Искористувајќи го потенцијалот кој го има денес и претворајќи го во вештини корисни за во иднина. Добивајќи признанија за напорната работа, тимскиот дух и поддршката на другите. Поткрепувајќи позитивни, трајни промени во своите тимови и заедници. Такви сме ние во Транском. Овде се грижиме и навиваме едни за други. Вклучени сте, баш такви какви што сте, уште од првиот ден. А со вистинскиот начин на размислување, нема граници за тоа колку далеку можеме да одиме заедно.

Share this job

More jobs like this