Location: North Macedonia, Skopje
Job category: Customer Service Representative (CSR)
Language: Dutch
Стани дел од тимoт за нашиот нов проект на германски јазик со швајцарски дијалект! Станува збор за маркетинг проект за еден од нашите странски клиенти чија дејност е поврзана со продажба на широка палета на производи за подобар сон. Замисли го својот работен ден во кој им овозможуваш на заинтересираните клиенти да ги запознаат подобро производите дизајнирани да го подобрат квалитетот на нивното спиење а со тоа и нивното целокупно здравје. Овој проект не опфаќа продажба, па биди подготвен/а да се нурнеш длабоко во светот на маркетингот, подобрувајќи ги своите комуникациски вештини и уживајќи во флексибилните можности кои оваа работна позиција ги нуди!
Што ти нудиме?
Конкурентна плата од 960 евра
Бонус за перформанси до 150 евра
Бонус за редовност од 80 евра
Приватно здравствено осигурување
Флексибилно работно време
Можност за работа на скратено работно време
Работа од понеделник до петок, неработни викенди
Работа од канцеларија во Скопје во почетниот период со флексибилност за работа од дома по успешно совладување на работата
Бонуси за препораки на пријател
Пријатна и динамична работна атмосфера
Можност за личен и професионален напредок - новиот тим штотуку се формира и ќе бидат потребни идни лидери
Можност за стекнување нови знаења - пристап до компаниска платформа за учење и стекнување нови вештини
Можност за стекнување меѓународно искуство во текот на кое ќе запознаеш многу колеги од целиот регион
Придружи ни се како Маркетинг промотер со познaвање на германски јазик со швајцарски дијалект
Работата започнува со обука со која ќе се запознаеш со системот за работа и процесите потребни за нејзино успешно извршување
Ќе комуницираш со клиенти од Швајцарија на германски јазик со швајцарски дијалект
Комуникацијата со клиентите генерално е поврзана со промотивни настани за производите кои компанијата ги нуди и презентирање на можноста истите да се видат во живо
Ќе имаш целосна поддршка од својот тим лидер како и од останатите членови на тимот
Што бараме?
Како изгледа животот во Транском?
Во Транском сме неуморно посветени. На нашите клиенти и едни на други. Секој ден некој започнува свое патување со Транском. Искористувајќи го потенцијалот кој го има денес и претворајќи го во вештини корисни за во иднина. Добивајќи признанија за напорната работа, тимскиот дух и поддршката на другите. Поткрепувајќи позитивни, трајни промени во своите тимови и заедници. Такви сме ние во Транском. Овде се грижиме и навиваме едни за други. Вклучени сте, баш такви какви што сте, уште од првиот ден. А со вистинскиот начин на размислување, нема граници за тоа колку далеку можеме да одиме заедно.
Share this job