Отворена апликација за работа

Location: North Macedonia

Job category: Customer Service Representative (CSR)

Language:

Transcom се гордее со тоа што вработува голем број на талентирани колеги во Македонија кои обезбедуваат супериорна корисничка поддршка секој ден на повеќе светски јазици, вклучувајќи германски, италијански, француски, англиски, холандски и шведски јазик. 


Што ти нудиме?

  • Можност за работа од дома (во зависност од проектот)
  • Платена обука
  • Можност за склучување на договор за вработување/договор на дело
  • Приватно здравствено осигурување
  • Бонуси за препораки на пријател
  • Пријатна и динамична работна атмосфера
  • Можност за личен и професионален напредок
  • Можност за стекнување меѓународно искуство во текот на кое ќе запознаеш многу колеги од целиот регион


Придружи ни се како Специјалист за корисничка поддршка!

Tвоите задачи и одговорности, во зависност од работната позиција, би биле:

  • Комуникација со корисници од германско, италијанско, француско, англиско, холандско или шведско говорно подрачје преку телефон, е-пошта и четови
  • Корисничка поддршка и одговарање на барањата на клиентите
  • Обезбедување на информации за производите и услугите на компанијата на клиентот
  • Обезбедување на високо ниво на квалитет на услугата и задоволство на корисниците


Што бараме?

  • Одлично зборување и пишување на некој од горенаведените јазици
  • Покрај примарниот јазик, познавање на втор јазик (англискиот) би се сметало за предност
  • Комуникативен/на си и сакаш да им помагаш на луѓето

  • Тимски играч си и уживаш во динамично опкружување

  • Мотивиран/а си и одговорен/на

  • Љубопитен си и сакаш да учиш нови работи

  • Те инспирираат патувања и туризам како индустрија во подем

  • Сакаш да се подобруваш и развиваш себеси од личен и професионален аспект


Како изгледа животот во Transcom?
Во Транском сме неуморно посветени. На нашите клиенти и едни на други. Секој ден некој започнува свое патување со Транском. Искористувајќи го потенцијалот кој го има денес и претворајќи го во вештини корисни за во иднина. Добивајќи признанија за напорната работа, тимскиот дух и поддршката на другите. Поткрепувајќи позитивни, трајни промени во своите тимови и заедници. Такви сме ние во Транском. Овде се грижиме и навиваме едни за други. Вклучени сте, баш такви какви што сте, уште од првиот ден. А со вистинскиот начин на размислување, нема граници за тоа колку далеку можеме да одиме заедно.

Share this job

More jobs like this