Специјалист за техничка поддршка на германски јазик (м/ж)

Location: North Macedonia

Job category: Customer Service Representative (CSR)

Language:

Дали бараш работа која не е само работа, туку е возбудливо патување исполнето со безброј можности? Замисли го твојот работен ден како Специјалист за техничка поддршка, каде клиенти од Германија ти се обраќаат за совет, а од тебе зависи дали ќе го направиш нивното искуство пријатно. Било дали им треба некаква помош или само сакаат да чујат пријателски глас, те бараат тебе! Придружи ни се и биди движечка сила зад обезбедувањето незаборавно корисничко искуство за секој клиент!


Што ти нудиме?

  • Конкурентна плата: почнувајќи од 43,000 денари
  • Можност за добивање на договор за вработување: гаранција за стабилност во кариерата
  • Приватно здравствено осигурување: твоето здравје е наш приоритет
  • Платена обука: инвестираме во твојот успех
  • Месечни бонуси за перформанси: трудот заслужува признание
  • Бонуси за препораки: награда за твојата лојалност
  • Модерна канцеларија во срцето на Скопје: кој вели дека не може да се ужива додека се работи?
  • Проширување на вашите знаења: со нашата компаниска платформа за учење стекни нови вештини
  • Кариерен развој: патеката на твојот напредок исцртај ја заедно со нас
  • Глобално искуство: бидејќи имаме многу колеги од целиот регион кои со нетрпение чекаат да те запознаат!

Придружи ни се како Специјалист за техничка поддршка на германски јазик

Твојот ден ќе биде комбинација од:

  • Секојдневна употреба на германскиот јазик: биди гласот на една од водечките телекомуникациски компании во Германија

  • Комуникација со клиенти: слушај, разбирај и решавај ги нивните потреби

  • Техничкa експертиза: решавај технички прашања и проширувај го сопственото знаење

  • Подобрување на корисничкото искуство: споделувај совети за подобрување на услугата

  • Персонализирани решенија: спој ги потребите на клиентите со совршените понуди

Што бараме?

  • Германски гуру: течно познавање на германскиот јазик (усна и писмена комуникација)
  • Вљубеник во технологија: основни вештини за справување со технолошки предизвици
  • Одличен комуникатор: ефективна, јасна и транспарентна комуникација
  • Љубопитна личност: жед за стекнување нови знаења
  • Тимски играч: желба за отворена соработка со цел остварување на заеднички цели
  • Амбициозност: личен и професионален развој е вашата цел
  • Претходно работно искуство во областа на корисничка поддршка се смета за предност но не е задолжително


Како изгледа животот во Transcom?
Во Транском сме неуморно посветени. На нашите клиенти и едни на други. Секој ден некој започнува свое патување со Транском. Искористувајќи го потенцијалот кој го има денес и претворајќи го во вештини корисни за во иднина. Добивајќи признанија за напорната работа, тимскиот дух и поддршката на другите. Поткрепувајќи позитивни, трајни промени во своите тимови и заедници. Такви сме ние во Транском. Овде се грижиме и навиваме едни за други. Вклучени сте, баш такви какви што сте, уште од првиот ден. А со вистинскиот начин на размислување, нема граници за тоа колку далеку можеме да одиме заедно.

Share this job

More jobs like this