Location: North Macedonia
Job category: Customer Service Representative (CSR)
Language:
Дали знаеш дека туризмот достигна ново ниво на услуга и дека постојат тимови кои се тука за да ги решат прашањата на клиентите на што е можно поефикасен и едноставен начин како и да им ги дадат најдобрите можни совети? Токму ти можеш да станеш дел од еден таков тим и да им го направиш пријатно и незаборавно целокупното искуство на патниците кои ги користат услугите на еден од најголемите туроператори во светот!
Што ти нудиме?
Бонуси за препораки на пријател
Пријатна и динамична работна атмосфера
Можност за работа од дома по завршувањето на периодот на обука
Можност за личен и професионален напредок - новиот тим штотуку се формира и ќе бидат потребни идни лидери
Можност за стекнување меѓународно искуство во текот на кое ќе запознаеш многу колеги од целиот регион
Придружи ни се како Специјалист за корисничка поддршка со француски и англиски јазик во областа на туризмот!
На корисниците ќе им обезбедуваш информации кои се однесуваат на:
Прашања за предлози и резервации за патувања
Повратни информации и предлози за резервираните патувања
Промени или откажувања на патувањата и планираните тури
Дополнувања или промени на резервациите
Административно следење на сите организирани тури и неопходни извештаи
Предлагање и советување на најдобрите можни решенија и услови за патување
Што бараме?
Комуникативен/на си и сакаш да им помагаш на луѓето
Тимски играч си и уживаш во динамично опкружување
Мотивиран/а си и одговорен/на
Љубопитен си и сакаш да учиш нови работи
Те инспирираат патувања и туризам како индустрија во подем
Сакаш да се подобруваш и развиваш себеси од личен и професионален аспект
Како изгледа животот во Transcom?
Во Транском сме неуморно посветени. На нашите клиенти и едни на други. Секој ден некој започнува свое патување со Транском. Искористувајќи го потенцијалот кој го има денес и претворајќи го во вештини корисни за во иднина. Добивајќи признанија за напорната работа, тимскиот дух и поддршката на другите. Поткрепувајќи позитивни, трајни промени во своите тимови и заедници. Такви сме ние во Транском. Овде се грижиме и навиваме едни за други. Вклучени сте, баш такви какви што сте, уште од првиот ден. А со вистинскиот начин на размислување, нема граници за тоа колку далеку можеме да одиме заедно.
Share this job