Специјалист за корисничка поддршка со германски и англиски јазик во областа на туризмот (м/ж)

Location: North Macedonia

Job category: Customer Service Representative (CSR)

Language:

Дали знаеш дека туризмот достигна ново ниво на услуга и дека постојат тимови кои се тука за да ги решат прашањата на клиентите на што е можно поефикасен и едноставен начин како и да им ги дадат најдобрите можни совети? Токму ти можеш да станеш дел од еден таков тим и да им го направиш пријатно и незаборавно целокупното искуство на патниците кои ги користат услугите на еден од најголемите туроператори во светот!


Што ти нудиме?

  • Конкурентна плата од 47.500 денари
  • Платена обука
  • Можност за склучување на договор за вработување/договор на дело
  • Приватно здравствено осигурување
  • Бонуси за препораки на пријател

  • Пријатна и динамична работна атмосфера

  • Можност за работа од дома по завршувањето на периодот на обука

  • Можност за личен и професионален напредок - новиот тим штотуку се формира и ќе бидат потребни идни лидери

  • Можност за стекнување меѓународно искуство во текот на кое ќе запознаеш многу колеги од целиот регион


Придружи ни се како Специјалист за корисничка поддршка со германски и англиски јазик во областа на туризмот!

На корисниците ќе им обезбедуваш информации кои се однесуваат на:

  • Прашања за предлози и резервации за патувања

  • Повратни информации и предлози за резервираните патувања

  • Промени или откажувања на патувањата и планираните тури

  • Дополнувања или промени на резервациите

  • Административно следење на сите организирани тури и неопходни извештаи

  • Предлагање и советување на најдобрите можни решенија и услови за патување

Што бараме?

  • Одлично зборуваш и пишуваш на германски јазик
  • Покрај германскиот, комуницираш и на англиски јазик до Б1 ниво
  • Комуникативен/на си и сакаш да им помагаш на луѓето

  • Тимски играч си и уживаш во динамично опкружување

  • Мотивиран/а си и одговорен/на

  • Љубопитен си и сакаш да учиш нови работи

  • Те инспирираат патувања и туризам како индустрија во подем

  • Сакаш да се подобруваш и развиваш себеси од личен и професионален аспект


Како изгледа животот во Transcom?
Во Транском сме неуморно посветени. На нашите клиенти и едни на други. Секој ден некој започнува свое патување со Транском. Искористувајќи го потенцијалот кој го има денес и претворајќи го во вештини корисни за во иднина. Добивајќи признанија за напорната работа, тимскиот дух и поддршката на другите. Поткрепувајќи позитивни, трајни промени во своите тимови и заедници. Такви сме ние во Транском. Овде се грижиме и навиваме едни за други. Вклучени сте, баш такви какви што сте, уште од првиот ден. А со вистинскиот начин на размислување, нема граници за тоа колку далеку можеме да одиме заедно.

Share this job

More jobs like this