Големи идеи, реализирани.
Во далечната 1995 година, шведската инвестициска компанија Kinnevik имаше визија за основање на глобален давател на услуги за клиенти со големи амбиции и совршени клиенти. Така се разви Transcom. Во рок од една деценија, се проширивме низ Европа, а набргу потоа, започнавме со работа во Северна Америка, па во САД, Канада и Филипините. Што го овозможи тоа? Како прво, цврстиот став кон развивање и проширување, односно паметно искористување на талентот. Второ, бескрајната љубопитност, прифаќањето култури и целосната посветеност на успехот на нашите клиенти.
Поттикнати од луѓето.
Кога сте целосно посветени на клиентите, ви требаат луѓе кои ја делат истата желба со вас. Тоа значи да се привлечат врвни таленти и да им се помогне да ги развијат нивните кариери и да се создадат врски со секоја заедница во која се придружувате. Кога станува збор за луѓето, нашата политика е отворени врати. Совршена иднина. Силни корени. За да можеме да ја изградиме совршеноста заедно, како тим.
Зад успехот на нашите клиенти.
Нашите клиенти доаѓаат од различни индустрии, како што се финансиска технологија, онлајн малопродажба, телекомуникации, патувања и логистика, се само дел од многуте. Нивните клиенти имаат различни потреби, па затоа соработуваме со нив за да обезбедиме услуги како грижа за клиентите, техничка поддршка, продажба и многу повеќе.
Што правиме ние?
Во зависност од потребите на клиентот, нашите вработени се нивна подршка на многу начини. Понекогаш тоа значи да се осигурате дека на потрошувачите на клиентот на социјалните медиуми им е претставена вистинската содржина, во друг случај тоа може да значи одговор на клиентот што испраќа е-пошта за неисправен паметен телефон. На што и да се фокусирани нашите вработени, тие работат заедно како еден совршен тим на Transcom.
Нашите луѓе се нашата најголема сила. Амбициозни, посветени, паметни и секогаш во потрага по најдобриот начин да се заврши работата. Луѓето од Transcom се развиваат колку што сакаат. До граници до каде што можат. Тие работат со најомилените светски брендови од првиот ден. И ние се грижиме за нив, создавајќи совршени иднини додека се развиваме.
Повеќе од совршено.
Вратите се секогаш отворени за луѓе кои сакаат да се приклучат на тимот на Transcom. Работа со највозбудливите светски брендови, постојано учење и развој, поврзување со нивните заедници. Ние создаваме совршена иднина - ве очекуваме. Подготвени сме за вас.
Основана: 1995 година
Глобално седиште: Стокхолм, Шведска
Awesome OS Awesome OS е компанија за аутсорсинг на деловни услуги од идната генерација која им овозможува на најистакнатите стартапи и компании за е-трговија да овозможат невидени начини на перформанси и задоволство за клиентите. Awesome OS нуди најдобри можности за услуги на клиентите, поддршка за back-office, web/software development и услуги за графички дизајн што им овозможуваат на компаниите да ги приоретизираат нивните основни функции. Создаден од Transcom во 2018 година, Awesome OS е дел од семејството Transcom WorldWide.
Xzakt е една од водечките компании во outsorcing услуги на клиентите во Скандинавија. Со повеќе од 20 години искуство, нудиме услуги на светско ниво за некои од највозбудливите компании во нордискиот регион. Имаме преку 300 посветени вработени со клиенти и ги овозможуваме нашите услуги од локациите во Гавле, Скелефтеа, Ескилстуна и Малага. Имаме уникатен оперативен модел кој работи навистина добро со брзорастечките технолошки и електронски компании кои ги поддржуваат со паметни, флексибилни и висококвалитетни решенија за нивните услуги на клиентите. Основана од Гунила фон Платен во 2001 година и купена од Алтор во 2017 година, денес Xzakt е дел од семејството Transcom Worldwide.